Zoox ќе му конкурира на Uber како ценовно прифатлив такси-превозник

Објавено на 21.07.2022 во Електричен погон



Zoox ќе му конкурира на Uber како ценовно прифатлив такси-превозник

Zoox е нова технолошка компанија што се занимава со развој на автономна технологија, во сопственост на Amazon. Пријавено е веќе за дозвола за тестирање на своите автономни возила во Калифорнија, но за разлика од Waymo, Zoox возилата се поинакви.

„Можеме да се натпреваруваме, на пример, со Uber и Lyft и да заработуваме пари и да бидеме ценовно конкурентни, дури и во раните денови на оваа технологија“, коментирал главниот технолошки директор Џеси Левисон.

Со нивните автомобили не можат да управуваат луѓе, затоа што нема волан и педали за гас и кочница. Zoox VH6 има капацитет за четири патници, при што седиштата не се направени како во класичните автомобили, туку се свртени еден кон друг. Од Zoox велат дека моменталната криза не влијаела врз нивното работење и планираат да го зголемат бројот на вработени од 1400 колку што имале на почетокот на 2000 година до крајот на 2022 година.