Samsung во 2021 испорачал над 10 милиони преклопни смартфони

Објавено на 22.07.2022 во Преклопни уреди



Samsung во 2021 испорачал над 10 милиони преклопни смартфони

Samsung во 2019 година го претстави првиот модел на преклопен смартфон, новата технологија беше со одредени ограничувања, првенствено во квалитетот на екранот и високата цена, но со секоја нова генерација уредите станаа се поквалитетни.

Така се намали и цената близу до класичните смартфони. Пред претставувањето на новите преклопни смартфони на Samsung најавени за 10 август, претседателот на Mobile Experience одделот во компанијата на Samsung Electronic, ТМ Роу, коментирал дека е променета мобилната индустрија уште со првото претставување на преклопната телефонија.

Роу вели дека 2021 година се дистрибуирани 10 милиони преклопни телефони, што е раст од 300% во споредба со 2020 година. Тој предвидува дека растот ќе продолжи и понатаму.