Netflix додава нова опција од август „Додај Дом“

Објавено на 22.07.2022 во Новости



Netflix додава нова опција од август „Додај Дом“

Netflix се уште бара начин да не ги изгуби корисниците, но и да си ја наплати својата услуга. Претходно објавивме дека Microsoft во соработка со Netflix ќе креираат реклами на платформата, со цел да ја намалат претплатата.

Од август се почнува со тестирање на нова опција „Add A Home“ (Додај Дом), со што стриминг-платформата им овозможува на корисниците да доплатат за секој дополнителен дом, со цел да ги споделат профилите со други домаќинства. Секој дом ќе треба да плаќа месечен надоместок од 3 долари, покрај редовната претплата.