Meta прави коренити промени во Facebook за појавувањето на содржините

Објавено на 22.07.2022 во Новости



Meta прави коренити промени во Facebook за појавувањето на содржините

Meta уште од порано најави голема промена на Facebook за начинот на кој што се прикажува содржината на мрежата. Дел од корисниците неделава добиле пристап кон тој нов фејс. 

Целта на промените е наместо досегашниот фокус на комуникацијата меѓу пријателите и роднините, на корисниците ќе им се прикаже повеќе забавна содржина, како и содржината на од лицата и страниците што не ги следат, со цел да се привлечат повеќе корисници и да се зголеми активноста на оваа мрежа.