Инженерот на Google што потврди дека вештачката интелигенција е свесна сама за себе, доби отказ

Објавено на 25.07.2022 во Новости



Инженерот на Google што потврди дека вештачката интелигенција е свесна сама за себе, доби отказ

Блејк Лемуан, инженерот што работеше во Google, подигна голема прашина кога јавно објави дека смета дека вештачката интелигенција што ја развивал технолошкиот гигант, ги надминала рамките на програмата и станала „свесна сама за себе“.

Да потсетиме, тој објави написи за себе и четботот LaMDA (модел на Google со вештачка интелигенција, насочен кон развој на јазичен модел, кој би бил најсличен на човечкиот начин на комуникација), врз основа на што тврдеше дека вештачката интелигенција разви сопствен ум.

Откако ја пласираше таа информација, Google прво експресно го суспендираше, а еден месец подоцна и го отпушти. Од Google велат дека го отпуштиле затоа што ја прекршил политиката за доверба, со која што компанијата го обврзала за проектите на кои што работи.