Кинезите смислиле ласерско пенкало што пишува во воздухот

Објавено на 25.07.2022 во Туториали



Кинезите смислиле ласерско пенкало што пишува во воздухот

Холограмските прикази, metaverse, проширената реалност, сето тоа е технологија што порано била само нечија фантазија, а денес активно се развива. Во сите тие технологии, потребно е да имате некаков екран, но сега и не мора.

Кинески научници од лабораторијата Hungtuo во Вухан, смислиле ласерско пенкало со неверојатни можности. Тврдат дека со помош на нив може да пишувате во воздухот, што би било чекор напред во развојот на холограм. Пенкалото применува кратски ласерски пулсови, со цел да ги отстрани електроните од молекулите на воздухот и ги претвара во плазма што емитира светлост, а сето тоа со цел напишаните зборови да се појават во воздухот.

Автор: Aleksandar Stankov