Cat претстави нов издржлив 5G телефон и мобилен хотспот

Објавено на 25.07.2022 во Новости



Cat претстави нов издржлив 5G телефон и мобилен хотспот

Bullitt Group претстави два нови 5G уреда за употреба во екстремни услови. Новиот Cat S53 смартфон и првиот мобилен хотспот, робустниот Cat Q10. Новите Cat телефони и 5G уреди, овозможуваат многу поголема брзина за преземање и пренос на податоци.

Дигитализацијата на производите и процесите посебно влијае врз градежната индустрија, каде што постои зголемено потпирање врз одлуките и соработката врз основа на податоците. Од смарт згради, до управување со проекти, без пристап кон податоци со големи брзини за целиот тим на лице место, секојдневните операции често доцнат и се прекинуваат.

Cat Q10 може да поврзе 32 уреда, дури и 4G или само WiFi уреди, а со 5G, се обезбедува оптимална продуктивност од самиот почеток до секој проект. Нуди и поголема сигурност и контрола врз приватноста. Cat Q10 има долготрајна батерија и може да одржува 10 поврзани уреди до 10 часа постојана употреба. Може слободно да ја отстраните батеријата и да ја смените, со што нема да го прекинете напојувањето.

Како прв 5G Cat телефон, S53 е Android смартфон, полн со корисни функции и подобрен дизајн, а сето тоа е заштитено со голема цврстина. Доказ за цврстината е сертификатот за издржливост Mil-Spec 810H. Телефонот се одликува со HD+ екјран од 6,5 инчи и високо квалитетна Sony 48MP камера, тестиран на теренот, и способен да издржи многу падови благодарение на неговото издржливо калено стакло.