Apple земал експерт од Lamborghini за развој на автономни автомобили

Објавено на 29.07.2022 во Електричен погон



Apple земал експерт од Lamborghini за развој на автономни автомобили

Apple повторно го зајакнал својот тим за развој на електрични автомобили, на кои што компанијата работи. Се прогнозира дека првиот електричен и автономен автомобил би можел да биде претставен во 2025 година. Луиџи Тараборели наводно се приклучил на тимот на Тим Кук, ветеран од автомобилската индустрија, кој досега бил еден од најважните менаџери во Lamborghini.

Тараборели бил задолжен за одделот на шасијата и динамиката на возилата во италијанската компанија за производство на спортски автомобили. Со текот на годините работел на развој на моделите како што се Urus, Aventador, Huracan, Huracan Sterrato и концептното возило Asterion