Новата опција на Samsung ги штити сликите на вашиот телефон кога го носите на поправка

Објавено на 31.07.2022 во Туториали



Новата опција на Samsung ги штити сликите на вашиот телефон кога го носите на поправка

Сведоци сме дека во минатото се злоупотребуваат личните податоци на корисниците од страна на сервисерите на мобилни телефони и сликите дополнително завршуваат на интернет. Корисниците во денешно време често имаат интимни содржини кога ги носат своите телефони на мајстор.

Затоа има потреба од заштита на тие лични податоци. Samsung има одлично решение со кое што сака да го реши тој проблем, односно да спречи за сервисерите да не дојдат до приватните податоци на корисникот со “repair mode”. Режимот се активира кога телефонот се носи на поправка, кој обезбедува заштита на лични податоци. 

Корисниците што треба да одберат кои податоци сакаат да ги заштитат внатре во тој модул, како што се фотографии, пораки, пристап кон социјални мрежи и слично. Кога оваа опција се активира, телефонот повторно ќе се вклучи, но пристапот кон повеќето содржини ќе биде оневозможен. Така сервисерите ќе добијат пристап кон системските поставки, без корисничките податоци.