Електричните возила не се купуваат од грижа кон околината, туку...

Објавено на 03.08.2022 во Електричен погон



Електричните возила не се купуваат од грижа кон околината, туку...

Автомобилската индустрија се преориентира кон електрификација на возилата, а сопствениците на новите електрични автомобили не се грижат за чистата околина, туку за нешто друго. Светот со возила на горива ќе биде заменет со електричен погон за 15 години максимум. 

Неодамнешното истражување на Polestar покажало интересни резултати во врска со причината за купувањето на електричните возила. Истражувањето спроведено само во САД покажало дека 55% од купувачите на електрични возила воопшто не се грижат за околината, туку во прв план за нив е технологијата вградена во електричните автомобили. За нив не е важно што има под хауба, туку технологијата што ја има во самите возила.