TikTok спрема музички сервис за да му конкурира на Spotify

Објавено на 03.08.2022 во Новости



TikTok спрема музички сервис за да му конкурира на Spotify

TikTok за релативно кратко време им се закани на социјалните мрежи како што се Facebook и Instagram, кои што сега го менуваат својот алгоритам и начинот на приказ на содржини, со цел да може да му конкурираат на TikTok, што на повеќето корисници не им се допаѓа.

Изгледа дека ByteDance, кинеската компанија што стои зад TikTok, планира проширување и на нови пазари. Поднесено е барање за заштита на името со нов сервис наречен TikTok Music. Тоа би било апликација достапна на сите смартфони и компјутери, за музика. Тоа значи дека TikTok сака да го затресе тлото под нозете на компаниите како што се Spotify, Apple Music, Deezer, Tidal, итн.