Фасцинантна фотографија со галаксијата креирана од телескопот Џејмс Веб

Објавено на 04.08.2022 во Вселена



Фасцинантна фотографија со галаксијата креирана од телескопот Џејмс Веб

НАСА објави неверојатна слика од галаксијата, со оддалеченост од 500 милиони светлосни години. Сликата се нарекува „галаксијата на панорамското тркало“, со јасно исцртани прстени. Фотографирано е од вселенскиот телескоп, Џејмс Веб.

Астрономите веруваат дека галаксијата „Тркало на тркала“ порано била спирална галаксија, но го променила својот облик поради судир со друга помала галаксија. Така од тој судир се формирани два прстена, слични на концентричните кругови кои се прават со фрлање на камчиња во вода. Името го добила поради својот специфичен изглед.