Logitech и Tencent ќе претстават нова cloud конзола

Објавено на 04.08.2022 во Игри



Logitech и Tencent ќе претстават нова cloud конзола

На почетокот на 2022 година започна продажбата на Steam Deck, и тоа со добра продажба и одлична побарувачка. Смартфоните се денес најпопуларен уред за играње, затоа голем е пазарот со рачните конзоли. 

Конкуренцијата се заострува во оваа област, затоа што оваа недела од Logitech објавија дека во соработка со Tencent спремаат сопствена рачна конзола - cloud конзола. Конзолата нема да има моќен хардвер, но затоа ќе биде поврзана со cloud, односно далечни сервери, со кои што ќе се извршуваат сите сложени процесорски и графички операции и ќе се стримаат на самата конзола.