Европскиот град во кој најбрзо може да сурфате на интернет, е...

Објавено на 04.08.2022 во Новости



Европскиот град во кој најбрзо може да сурфате на интернет, е...

Летото е време кога голем број на Европјани заминуваат на годишен одмор. Затоа се мерени големите градови, популарните плажи, културните знаменитости и шумските оази. Споредени се податоците за средна брзина на преземање и латентноста, благодарение на Speedtest Intelligence.

Во категоријата на големи градови, Скандинавија е победникот, т.е. трите градови: Осло, Стокхолм и Копенхаген. Тие се на врвот со брзина на преземање над 136Mbps. Тоа значи дека од овие градови најлесно се воспоставува видео повик и да го извршувате без никакви проблеми.