Направите филмски хит, истражете го новиот vivo X80Pro и искористете го периодот за претпорачка

Објавено на 05.08.2022 во Новости



Направите филмски хит, истражете го новиот vivo X80Pro и искористете го периодот за претпорачка

Vivo обезбедува посебни поволности за клиентите кои ќе го купат моделот vivo X80Pro 5G во периодот на претпорачка (pre-order) во Македонија.

Компанијата vivo, една од водечките производители на паметни телефони во светот, на корисниците во Македонија им нуди дополнителна поволност за купување уреди во периодот за преднарачка што ќе трае од 5.8. до 20.8.2022 година, до 23:59 часот.  Со купување на телефон vivo X80 Pro во промотивниот период, имате право на подарок безжичен полнач од 50W, како и дополнителна едногодишна гаранција на вашиот нов уред и шест месеци заштита на екранот од случајно кршење. Промоцијата важи за уреди купени од овластените партнери vivo: Нептун, Сетек и Риверсофт.

vivo X80 Pro има предна камера од 32 MP и систем со четири камери на задната страна, кој се состои од камера со ултрасензор од 50 MP со GNV сензор и оптичка стабилизација на сликата (OIS), широкоаголни камери од 48 MP, камери за 12 MP портрет и перископ на камера од 8 MP. Портрет камерата од 12 мегапиксели е основна надградба што овозможува подобрување  и стабилност на видеото, додека главната камера вклучува исклучително приспособен GNV сензор за „ултра сензор”за оптимизирање на рефлексивноста и намалување на растреситата светлина во комбинација со стаклена леќа со висока пропустливост.  Телефонот доаѓа спакуван со полнач FlashCharge од 80 W, со кој телефоните со целосно испразнета батерија се полнат до 100 % за само 36 минути.

Да потсетиме, vivo моментално ја ужива довербата на повеќе од 400 милиони корисници ширум светот; Една од причините за тоа е посветеноста на деталите, дизајнот и строгата контрола на квалитетот на vivo смартфоните. Сите телефони vivo подлежат на ригорозни процедури и тестирања во секоја фаза од нивниот развој, што обезбедува голема издржливост и на корисниците им обезбедува сигурност и квалитетно искуство.

Корисниците можат да ја искористат тригодишната гаранција за дефекти на хардверот, како и за дефекти на софтверот кои произлегуваат од дефект на основниот софтвер, а сѐ што треба да направат е во овластениот сервисен центар Мобико да приложат копија од фактурата или доказ за купување.

Дополнителната гаранција при оштетување на екранот се применува само еднаш во период од 120 дена од датумот на купување на уредот од овластени дистрибутери/партнери на vivo во Република Северна Македонија. Доколку екранот се оштети за време на дополнителниот гарантен период на екранот, vivo ќе обезбеди бесплатна замена на екранот на уредот.

Условите на дополнителната гаранција не важат во случај на оштетување на производот предизвикано од:

  • Абење на уредот при нормална употреба
  • Неадекватно и неправилно користење
  • Користење додатоци од други произведувачи
  • Непочитување на мерките на претпазливост
  • Намерно оштетување на уредот
  • Обиди за неовластена поправка на уредот или поправка од неовластен сервис

Исто така, модификувањето или менувањето на оригиналниот оперативен систем (на пр. рутирање, инсталирање на неофицијален ROM) како и отсуство или манипулација со серискиот број или IMEI бројот, ќе доведе до исклучување од условите на промоцијата.

Доколку оштетувањето на мобилниот телефон е до тој степен што не е можно да се утврди функционалноста на мобилниот телефон со замена на екранот, Мобико -овластениот сервисен партнер за Република Македонија има право да го исклучи уредот од промоција, доколку корисникот не сака да ги надомести додатните трошоци од поправката на другите компоненти на уредот кои би го вратиле во функционална состојба.

Во секој од овие случаи, овластениот сервисен партнер за Република Северна Македонија ќе го информира корисникот за неможноста за примена на условите на промоцијата и ќе му понуди на корисникот поправка надвор од гаранцијата.

vivo ги поканува сите заинтересирани клиенти да ги погледнат и испробаат своите паметни телефони кај овластените партнери на vivo: Нептун, Сетек и Риверсофт.