Луѓето повторно масовно патуваат, Airbnb оствари рекорден резултат

Објавено на 06.08.2022 во Новости



Луѓето повторно масовно патуваат, Airbnb оствари рекорден резултат

Извршниот директор на Airbnb, Брајан Чески, напиша емотивно писмо во 2020 година, со кое што најави откази за 1900 вработени. Се разбира, тоа беше предизвикано од криза, поради која што луѓето престанаа да патуваат, што влијаеше врз работата на компанијата.

После две години, ситуацијата е сосема поинаква, затоа што луѓето сега сакаат да патуваат, и покрај тоа што не се идеални условите и се заканува рецесија. Airbnb годинава објави рекордни бројки за второто тримесечје од 2022 година - резервирани се речиси 104 милиони ноќевања и искуства.

Во периодот од април до јуни, резервациите пораснале за 25% во споредба со минатата година, или 24% во споредба со 2019 година, Приходите на компанијата пораснале за 58% и надминале 2 милијарди долари, со профит од 380 милиони долари.