Британскиот парламент го затвара својот TikTok профил

Објавено на 07.08.2022 во Новости



Британскиот парламент го затвара својот TikTok профил

Врз основа на повратните информации од членовите на парламентот, го затвараме пилот TikTok профилот на парламентот порано одошто беше предвидено, изјави портпаролот на институцијата. Профилот е направен за да се заинтересира младата публика за работата на парламентот, но сега содржината е отстранета.

ByteDance, компанијата на која што му припаѓа TikTok, има седиште во Кина. Во писмото од претседателите на двата дома на парламентот, застапниците кои што се под санкции од Пекинг, затоа што предизвикале геноцидна политика, што Пекинг ја спроведува кон Ујгурите и другите национални малцинсктва, сведочеа против тоа парламентот да има TikTok профил. Можноста за режимот на претседателот Xi Jinping, да има пристап кон личните податоци на нашите деца, предизвикува голема загриженост, објаснуваат претседателите.