Ќе го купи ли Маск - Twitter?

Објавено на 08.08.2022 во Новости



Ќе го купи ли Маск - Twitter?

Сапуницата со купувањето на Twitter од Маск, сепак може да се реши надвор од судот. Маск објави на Twitter под кои услови оригиналниот договор за купувањето на социјалната мрежа за 44 милијарди долари, би можел да биде реализиран.

Прво објави анкета во која што ги прашал своите посетители дали се согласуваат дека најмалку 5% од секојдневните корисници на Twitter се лажни. 65% од над 700 илјади од оние што одговориле на прашањето, кликнале на „не“ одговор.

Потоа сугерирал дека ако Twitter докаже дека секојдневните корисници се помалку од 5% од лажните профили, договорот за купување навистина би можел да биде реализиран.