Instagram тестира нова опција за објава на долги слики

Објавено на 08.08.2022 во Новости



Instagram тестира нова опција за објава на долги слики

Instagram полека, но сигурно, станува се посличен на TikTok. Директорот на Instagram, Адам Мосери, потврди дека почнува со тестирање на објава на долги фотографии во сооднос од 9:16. „Може да објавувате високи видеа, но не можете да објавувате високи фотографии на Instagram. Па мислевме дека можеби би било добро тоа да го изедначиме“, вели Мосери. 

Моментално, Intagram овозможува објава на фотографии во сооднос од 4:5, што значи дека сите останати фотографии поголеми од тој сооднос, мора да бидат исечени или намалени. Со воведувањето на долгите фотографии од 9:16, ќе им биде овозможено на корисниците да објават фотографии што ќе го покријат целиот екран, како што е моментално случајот со Reels.