Samsung Galaxy Z Fold 4 официјално излезе: Моќност, големина и флексибилност

Објавено на 10.08.2022 во Преклопни уреди



Samsung Galaxy Z Fold 4 официјално излезе: Моќност, големина и флексибилност

Најмоќниот преклопен смартфон на Samsung официјално излезе. Телефони.мк го следеше Samsung Unpacked, и ве информираме дека новиот модел на јужнокорејската компанија е нова страница во мобилната индустрија, која што отвара сосема нова гранка од пред неколку години со преклопната телефонија. Новиот „тетратка компјутер со компактна големина“ е доказ дека може да се постигне се, со истрајност.

Samsung Galaxy Z Fold 4 пристигнува со 7.6-инчен Dynamic AMOLED 2X дисплеј кога ќе се расклопи и со резолуција од 2176 x 1812 пиксели, 374 ppi густина на пиксели, 120Hz стапка на освежување и Gorilla Glass Victus+ заштита на стаклото. Имаме дополнителен 6.2-инчен Infinity-O дисплеј со резолуција од 2316 x 904 пиксели и 120Hz стапка на освежување, кој го сметаме како надворешен дисплеј, кога телефонот е затворен. 

Z Fold 4 има Android 12 оперативен систем и најновиот One UI кориснички интерфејс, 64-битен Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, изработен преку 4nm процес на производство, 12GB RAM меморија, со повеќе опции за внатрешна меморија: 256GB, 512GB или 1TB.

Задната камера е тројна и се состои од 50MP главен сензор со отвор на бленда од f/1.8, OIS стабилизација на сликата и Dual Pixel autofocus. Вториот сензор е ултраширок сензор од 12MP со бленда од f/2.2 aperture + 10MP телефото сензор и отвор на бленда од f/2.4, OIS, PDAF, и 3x оптички зум. Предната камера е 4MP, вградена под екранот, со отвор на бленда од f/1.8. 

Сензорот за отпечатоци на прсти е странично лоциран, а имате и сензор за препознавање на лице, за отклучување на вашиот преклопен смартфон. Samsung Galaxy Z Fold 4 има IPx8 сертификат за водоотпорност и опција за S Pen, кое треба дополнително да го купите. Батеријата има капацитет од 4,400mAh и доаѓа со 25W полнење со кабел или 15W безжично полнење.  Имате поддршка за eSIM,  и двојна нано SIM картичка, 5G технологија, Bluetooth 5.2, NFC и USB Type-C поддршка за полнење. Димензиите на телефонот изнесуваат 155.1 x 67.1 x 15.8мм кога е затворен и 155.1 x 130.1 x 6.3мм кога е отворен, со тежина од 254 грами.

Цената на Galaxy Z Fold 4 ќе биде 1,799 евра за верзијата со 256GB меморија, додека за поголемите мемории ќе биде повисока, се разбира. Честитки за Samsung што одлично ја врши својата работа со посветеност и непрекинато иновирање во мобилната индустрија и во други области, секако. 

Автор: Aleksandar Stankov