Видео со разликите меѓу iPhone 14 Pro Max и iPhone 13 Pro Max

Објавено на 09.08.2022 во iOs



Видео со разликите меѓу iPhone 14 Pro Max и iPhone 13 Pro Max

iPhone 14 серијата ќе биде лансирана за еден месец отприлик.  6.1-инчениот iPhone 14 Pro и 6.7-инчениот iPhone 14 Pro Max нема да имаат засек. Веќе протекоа слики и видеа со iPhone 14 Pro Max, како финално би изгледал - подебел и поширок со поголем модул за камерата.

Материјалите за новиот iPhone 14 Pro Max се објавени од @lipilipsi, каде може да се види споредбата на дизајнот меѓу iPhone 14 Pro Max и iPhone 13 Pro Max. И покрај тоа што генерално гледано двата модела имаат ист дизајн, iPhone 14 Pro Max има поголеми испакнатини на задната камера и премал засек од предната страна само за звучникот, додека селфи камерата е вградена под екранот и странично поставена, во споредба со Samsung, кој ги лоцира на средината од горната страна. 

Секако, iPhone 14 Pro Max содржи и Face ID технологија, вградена до предната камера. iPhone 14 Pro и Pro Max се очекуваат да пристигнат со главен сензор од 48MP, кој ќе биде за 57% поголем во споредба со оној претходно. Затоа се наметнува потребата од поголем „остров“ за камерата, што значи дека ќе имаме прилично подобрена камера овој пат. Се прогнозира дека iPhone 14 фамилијата пристигнува на 6 септември и почнува со продажба од 16 септември. Погледнете го видеото со споредбата на овој линк.