Samsung Galaxy S23 Ultra: Протече кодното име и модел бројот

Објавено на 09.08.2022 во Android



Samsung Galaxy S23 Ultra: Протече кодното име и модел бројот

Кодното име на Galaxy S23 Ultra протече шест месеци пред официјално да биде откриен новиот модел на Samsung од S-класата. Предводникот што излегува во 2023 година, веќе ги има кодното име и моделскиот број.

Лисктерот PassionateGeekz го објавил кодното име на следниот најдобар предводник на Samsung - Galaxy S23 Ultra, на Pricebaba. Погледнете на сликата одозгора: SM-S918BDS, SM-S918U, SM-S918U1, и SM-S918W. Сите се поврзуваат со Galaxy S23 Ultra. Galaxy S23 Ultra се очекува да биде со Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 5G технологија, M12 OLED дисплеј и 200MP главна камера со HP2 сензор.