Amazon ќе го купи Roomba за 1,7 милијарди долари!?
Објавено на 10.08.2022 во Новости
Amazon во петокот објави дека го купува iRobot, производителот на правосмукалки, за речиси 1,7 милијарди долари. iRobot ги продава своите производи глобално и познат е по правосмукалката Roomba, која сега ќе се придружи на Alexa, безбедносните камери на роботот Astro и Ring, и други.
Amazon очигледно сака да го забрза неговиот раст и со големопродажба. Најновиот модел на Roomba содржи сензори за мапирање, и запомнување, планот на домот. Правосмукалката ќе има на располагање прилично голем број на податоци, кои што Amazon потенцијално би можел да ги интегрира со другите производи.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.