WhatsApp овозможува авторизирање на уред за најава на корисникот

Објавено на 10.08.2022 во Новости



WhatsApp овозможува авторизирање на уред за најава на корисникот

WhatsApp почна со зајакнување на безбедноста на својата платформа и зајакнување на приватноста на корисниците. Новата опција на која што работи социјалната мрежа е да може да се логираат исклучиво корисниците на нивниот WhatsApp профил.

Login Approval (одобрување на влез) е безбедносна спецификација, која што на корисниците ќе им испрати известувања доколку детектира обид за пријава од непознат уред, т.е. уред што корисникот претходно не го авторизирал. Слична опција веќе имаат Instagram и Facebook, како и некои други платформи, односно социјални мрежи.