Гигантот за електрични возила Nio, ќе им конкурира на Galaxy и iPhone

Објавено на 10.08.2022 во Електричен погон



Гигантот за електрични возила Nio, ќе им конкурира на Galaxy и iPhone

Nio е кинеска компанија, позната по своите електрични автомобили, кои најавија неодамна и проширување на пазарот на смартфони. Сака да им конкурира на Samsung, Apple, Xiaomi и други компании со предводнички телефони.

Се уште не е познато името на новиот модел на телефон, од кого се очекува да биде лансиран следната година со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, но со најновата генерација на чипот - Gen 2. Не е познато колкава ќе биде дијагоналата на екранот, но познато е дека ќе има QHD+ резолуција, со дупка на екранот за камерата, имплементиран со сензор за отпечатоци на прсти.

Капацитетот на батеријата изнесува 4500-4800 mAh, а Nio ќе воведе и 100W технологија за полнење.