Samsung спрема нов буџетски смартфон од Galaxy A-серијата

Објавено на 12.08.2022 во Android



Samsung спрема нов буџетски смартфон од Galaxy A-серијата

После тивкото откривање на Galaxy A23 5G, изгледа дека Samsung има уште еден ас од Galaxy A серијата на телефони. Тоа ќе биде уште една верзија на Galaxy A23, кој само што ја доби својата 5G верзија. PriceBaba и @OnLeaks објавија дека Galaxy A23e е интересен уред со добри спецификации, со добра цена. 

Galaxy A23e изгледа многу слично како Galaxy A23 5G, со неколку разлики. Galaxy A23e доаѓа со единечна задна камера, што значи дека се работи за буџетски смартфон од средната класа. Колку за споредба, Galaxy A23 5G поседува четворна задна камера, како регуларниот модел. Galaxy A23e е помал од оригиналната верзија, со 5.8-инчен Infinity-V дисплеј, додека другиот е со 6.6-инчен екран. Galaxy A23e ќе биде достапен во светло сина, бела и црна боја.