iPhone 14 Pro моделите се очекуваат да ја дигнат просечната цена за 15%

Објавено на 12.08.2022 во iOs



iPhone 14 Pro моделите се очекуваат да ја дигнат просечната цена за 15%

Apple ќе ги зголеми цените на 6.1-инчениот iPhone 14 Pro и 6.7-инчениот iPhone 14 Pro Max, според аналитичарот Минг-Чи Куо. Моменталната цена на iPhone 13 Pro почнува од 1000 долари, а Pro Max почнува од 1100 долари. Се зборува дека цените ќе се зголемат за 100 долари, без разлика дали се работи за скап или евтин модел.

Минг-Чи Куо вели дека Hon Hai Precision Industry, позната под името Foxconn, кој го склопува iPhone за Apple, ги качил цените и затоа аналитичарите веруваат дека тоа ќе резултира со повисоки цени на iPhone 14 серијата во просек. Куо тврди дека iPhone 14 Pro моделите ќе бидат поскапи од нивните претходници, со што се проценува дека iPhone 14 серијата ќе биде повисока во просек за плус 15%.