Дали Маск подготвува сопствена социјална мрежа?

Објавено на 13.08.2022 во Новости



Дали Маск подготвува сопствена социјална мрежа?

Доколку Илон Маск успее да се извлече од стекнувањето на Твитер, би можел да се посвети на развојот на сопствена социјална мрежа која ќе му конкурира на Твитер.

Сапуницата околу (не) преземањето на Твитер од Маск продолжува, а нејзината следна епизода ќе се одржи во судницата. Додека шефот на Тесла сака да се откаже од планираното купување, наведувајќи ги лажните профили и ботови како главна причина, Твитер тврди дека богатството на Маск се намалило во последните месеци и дека затоа не сака да троши пари на таа мрежа.

Само во случај да мора да го купи Твитер, Маск неодамна ги препродаде акциите на Тесла вредни речиси 7 милијарди долари, но се чини дека повторно размислува да основа своја социјална мрежа која би можела да му конкурира на Твитер.

Имено, за време на разговор со твитерџиите за продажба на акциите на Tesla, некој го прашал дали размислувал да основа своја социјална платформа во случај да пропадне договорот со Twitter, Маск одговорил објавувајќи линк до ,,X.com". Уште пред да ги објави своите намери да го купи Twitter, Маск ја спомна можноста за основање сопствена социјална мрежа, но по објавувањето на аквизицијата таа идеја беше речиси заборавена.

Но се чини дека тој не се откажал од неа. Секако, започнувањето на социјалната мрежа од нула, иако станува збор за најбогатиот човек на светот, сигурно нема да биде лесно и таков бизнис кој се соочува со огромни предизвици, во што се увери и Доналд Трамп кога ја започна Truth Social.

Што се однесува до доменот ,,X.com", тој го купи уште во 2017 година од PayPal и нагласи дека има голема визија и за тоа што може да стане X Corporation. Доколку Маск навистина реши да лансира мрежа која ќе го има тој домен, тие на Business Insider велат дека е сосема јасно што можеме да очекуваме од неа - платформа каде што нема да има ботови, односно каде жестоко ќе се бори против нив и каде цензурата ќе биде сведена на минимум.