Oppo подготвува нови преклопни смартфони

Објавено на 16.08.2022 во Преклопни уреди



Oppo подготвува нови преклопни смартфони

Оваа недела дури 3 компании претставија нови модели на смартфони што се виткаат, а Oppo подготвува и нови уреди од оваа категорија.

На крајот на минатата година, Oppo го претстави својот прв смартфон Find N  што се преклопува, за кој некои новинари напишаа дека може да биде најдобриот уред од оваа категорија.
Телефонот беше претставен само на кинескиот пазар, а според новите информации објавени на интернет оваа недела, кинеската компанија за оваа година подготвува уште два модели кои би требало да бидат достапни на европскиот пазар.

Моделите би требало да се продаваат како Find N Fold и Find N Flip, па јасно е дека Oppo сака да го нападне владетелот на овој пазар, Samsung. Како и во случајот со Samsung , и двата модели ќе бидат придвижувани од најновата генерација на најмоќниот Snapdragon 8+ Gen 1. Oppo Find N Fold, кога сака ќе се отвори, ќе се претвори во таблет,  додека екранот на Flip ќе се отвори нагоре и ќе се користи како класични паметни телефони.