Apple во иднина ќе прикажува повеќе реклами на iPhone

Објавено на 16.08.2022 во iOs



Apple во иднина ќе прикажува повеќе реклами на iPhone

Пазарната вредност на Apple се приближува до неверојатни 3 милијарда долари, додека годишниот приход се брои во стотици милијарди долари. Таа цифра наскоро би можела дополнително да се зголеми со оглед на новите планови што ги има компанијата за своите смартфони.

Апликацијата Maps веќе се тестира со прикажување на реклами, на сличен начин како што рекламите веќе се прикажуваат во нивниот App Store. Во продавницата за апликации, девелоперите може да платат за нивната апликација да се промовира на насловна страница или да се појави кај резултатите од пребарувањето.