Илон Маск ќе ја замени лошата навика (зјапање во телефонот) со вежбање

Објавено на 16.08.2022 во Новости



Илон Маск ќе ја замени лошата навика (зјапање во телефонот) со вежбање

„Мислам дека имам лоша навика, веројатно како и многу други, а тоа е штом се разбудам наутро, го проверувам својот телефон. Тоа е грозна навика“, зборувал Илон Маск за време на гостување во Full Sand подкаст. Според некои истражувања, дури 80% од корисниците на смартфони, во првите 15 минути од будењето, зјапаат во екранот на својот телефон.

Маск најчесто оди на спиење во 3 часот наутро, а се буди околу 9:30 часот наутро. Причината зошто тој зјапа во телефонот наутро, е работата: „Управувам со SpaceX и Tesla, па обично се случува нешто во текот на ноќта“. Тој е свесен дека не е здрава навиката секојдневно да зјапа во телефонот штом ќе ги отвори очите, па затоа одлучил да се промени. „Треба да вежбам и да бидам во подобра форма“, вели Маск.