Верувале или не, Snap собра веќе над милион претплатници

Објавено на 17.08.2022 во Новости



Верувале или не, Snap собра веќе над милион претплатници

Доаѓа ли времето во кое што ќе почнеме да го плаќаме користењето на сите социјални мрежи? По примерот на Snapchat, изгледа  дека воведувањето на месечна претплата ќе биде дополнителен приход на социјалните мрежи, што нема да влијае врз губењето на корисниците.

Snapchat е тотално бесплатен како и досега, но оние што сакаат некои дополнителни опции, ќе мора тоа да го платат. Во случајот на Snapchat, мора да платат 3,99 долари месечно, со цел да ги покажат податоците што ги објавил Snap, постојат и голем број на луѓе, спремни да го платат месечниот износ. Од најавата во јуни на Snapchat Plus па се до денес, бројот на претплатници веќе надмина милион.