Бета верзијата на One UI 5 е официјално објавена
Објавено на 18.08.2022 во Android
Samsung официјално ја пушти бета верзијата на One UI 5, што е првата модификација на Android 13.
Софтверот е лимитиран само за корисници во Германија, Јужна Кореја и САД и ќе може да го преземете Samsung One UI, само ако имате телефон од Galaxy S22 серијата.
One UI 5 (public beta) овозможува персонализација на вашиот почетен екран, како никогаш досега, со повеќе бои за вашите иконки и брзото избирачко мени.
Со Android 12, Google додаде 5 нови бои за избор, додека со Android 13, Google додаде 16 нови бои за персонализација на вашиот почетен екран.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.