Прототип на Tesla Bot пристигнува до крајот на 2022

Објавено на 19.08.2022 во Смарт



Прототип на Tesla Bot пристигнува до крајот на 2022

Без оглед на тоа дали сте заговорник на роботиката и вештачката интелигенција или сметате дека технолошкиот напредок во таквата насока е негативен, мора да бидеме свесни дека во иднина многу нешта околу нас ќе бидат автоматизирани и роботизирани.

Tesla Bot, т.е. Optimus, е името на прототипот на роботот што се развива во фабриките на Илон Маск. Tesla го претстави својот робот во 2021 година, а прототипот би требало да биде готов до крајот на 2022 година. Tesla Bot е висок 172 см, може да дигне 70кг и да носи товар 20 килограми. Ќе може да трча со брзина од 8км/час.