„Тоа е импресивно“: Голема побарувачка за новите електрични возила на VW

Објавено на 19.08.2022 во Електричен погон



„Тоа е импресивно“: Голема побарувачка за новите електрични возила на VW

Volkswagen започна со производство на ID. Buzz, електричната верзија на легендарниот Microbus, кој ќе започне да се испорачува во ноември оваа година. Првите 10 илјади парчиња од електричниот Microbus се веќе распродадени.

„10.000 нарачки, без да стигне автомобилот до продажните салони, а дури и не е возен од било кој од купувачите. Тоа е импресивно“, вели првиот човек за продажба на VW, Ларс Краузе 

Најмногу нарачки има од Норвешка. До крајот на 2022 година, се очекува да станат достапни 15 илјади парчиња од ID. Buzz, додека во 2023 година се очекуваат да излезат околу 60 илјади парчиња. За 2024 година е планирано производство до 130 илјади парчиња.