Vivo X Fold S планиран за глобално лансирање и надвор од Кина

Објавено на 20.08.2022 во Преклопни уреди



Vivo X Fold S планиран за глобално лансирање и надвор од Кина

Vivo го лансираше X Fold во април месец, со Snapdragon 8 Gen 1 процесор, LTPO екран од 120Hz, 12GB RAM меморија и 512GB внатрешна меморија, како и ZEISS-брендирана камера. Недостаток кај овој телефон е што остана достапен само во Кина.

Digital Chat Station ликстерот тврди дека ќе излезе и глобална верзија на Vivo X Fold S, а официјално излегува во септември. Најавата на овој преклопен смартфон ќе се реализира заедно со претставувањето на iQOO Z6 и iQOO Neo7, сите доаѓаат од истата фабрика (IQOO е суб-бренд на Vivo). Се уште нема официјална најава за излегувањето на глобална верзија на X Fold S. Светскиот модел Vivo X Fold S сигурно ќе биде со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, 50MP главен сензор ISOCELL GN5, ултра-широка камера од 48MP.