Официјално Samsung видео: Како да ги наместите додатоците од кутијата на Galaxy Z Fold 4

Објавено на 21.08.2022 во Преклопни уреди



Официјално Samsung видео: Како да ги наместите додатоците од кутијата на Galaxy Z Fold 4

Samsung официјално започнува со испорачување на Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4, од следниот петок. Телефонот започнува со цена од 1800 долари, затоа има специјални упатства како да го заштитите со помош на додатоците што компанијата ги ставила комплет во кутијата.

Имате заштитник за панелот од предната страна, за кого Samsung го нарекува Front Protection Film. Имате и граничник, кој што ви овозможува да не направите никакви гребаници на телефонот додека го ставате стаклото. Погледнете како да ги наместите сите додатоци на официјалното видео објавено од Samsung одозгора.