Рускиот регулатор ги казни TikTok, Telegram, Zoom, Discord и Pinterest

Објавено на 22.08.2022 во Новости



Рускиот регулатор ги казни TikTok, Telegram, Zoom, Discord и Pinterest

Руската регулаторна агенција за медиуми Roskomnadzor, објави дека ќе казни повеќе ИТ компании: TikTok, Telegram, Zoom, Discord и Pinterest. Roskomnadzor со соопштението предложи мерките да бидат донесени откако компаниите не ја отстраниле содржината, означена како незаконита и дека казните ќе стапат во сила додека спорните содржини не се отстранат.

Се уште не е укажано за каков вид на мерки станува збор. Русија веќе неколку пати им се закани со казни на социјалните мрежи и пребарувачите како што е Google, поради прекршување на острите закони што го криминализираат ширењето на лажни вести за руската војска. Во вторник рускиот суд го казни и американскиот стриминг сервис Twitch со 2 милиона рубљи и апликацијата за допишување Telegram, со 11 милиони рубљи, поради прекршување на законите за воената цензура.

Автор: Aleksandar Stankov