Поевтините претплати на Netflix ќе поддржуваат специфична содржина

Објавено на 22.08.2022 во Новости



Поевтините претплати на Netflix ќе поддржуваат специфична содржина

Пред неколку дена се појави вест дека поевтина претплата на Netflix ќе има на почетокот на следната година, со реклами. Плановите за пониски цени можеби нема да бидат со претплата со реклами, туку ќе бидат со неколку оневозможени алатки, а тоа би било неможност за преземање на содржина за да се гледа кога сте офлајн.

Според Bloomberg, претплатата на Netflix со поддршка за реклами, нема да ги бомбардира секогаш корисниците со реклами, туку Netflix може да се воздржи од прикажување на доаѓањето на новите филмови што би требало понатаму да пристигнат, се до датата непосредно додека да излезат.