Rimac се пофали, распродадена цела серија од Bugatti W16 Mistral

Објавено на 23.08.2022 во Електричен погон



Rimac се пофали, распродадена цела серија од Bugatti W16 Mistral

Шефот на компанијата Bugatti Rimac, Мате Римац, на Facebook го објави новиот успех на својата компанија. Го претстави новиот модел на Bugatti, плод од работата на новата компанија. 

„Дами и господа, Bugatti W16 Mistral. Првиот нов Bugatti осмислен и развиен под водството на Bugatti Rimac. Прославата на славниот W16 - последниот од својот вид, пред да преминеме на следната генерација на хибридни Bugatti. Ќе бидат произведени 99 примероци по 5 милиони евра од парче“, вели Римац.

На постоечките сопственици на Bugatti толку им се допаднал овој модел, што е веќе тотално распродаден. 

Автор: Aleksandar Stankov