Apple ќе биде првиот со 3nm чип од TSMC

Објавено на 24.08.2022 во iOs



Apple ќе биде првиот со 3nm чип од TSMC

Глобалниот производител за чипови Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC) и Samsung обезбедуваат оваа година 3nm чипови. Колку помал е производствениот јазол, толку повеќе транзистори има во чиповите. Со iPhone 14 серијата наскоро се очекува да дојде и 4nm A16 Bionic процесорот кај поскапите Pro модели, додека моменталниот 5nm A15 Bionic процесор ќе биде во моделите без „Pro“ додавка.

Samsung Foundry веќе започна со испорака на 3nm чипови годинава, но само за копачите на криптовалути. TSMC исто така ќе започне со испорака на 3nm чипови за својот најголем клиент - Apple. N3 чиповите започнуваат со испорака подоцна оваа година, а N3 е името со кое што ќе се испорачува првата генерација на 3nm чипови од TSMC.Според тајванските медиуми, Apple ќе биде првиот клиент на TSMC за 3nm чипови, кои што нема да бидат вградени во iPhone 14 Pro моделите, туку во A17 Bionic процесорите за iPhone 15 Pro моделите, за следната 2023 година.