Sony PS VR2 за виртуелна реалност доаѓа на почетокот на 2023

Објавено на 24.08.2022 во Игри



Sony PS VR2 за виртуелна реалност доаѓа на почетокот на 2023

Sony конечно објавува дека PS VR2 излегува на почетокот на 2023 година, без конкретна дата. Детали за новиот Sony уред: 4K резолуција, фреквенција од 90 до 120Hz, со агол на гледање од 110%. Уредот ќе биде со специјален метод, благодарение на кој само деловите на сликите ќе бидат изострени, додека конзолата ќе се поврзува преку USB-C кабел.

Новиот модел нема да користи камери поврзани со конзолата за следење на движењата на корисникот, туку камерите ќе бидат сместени на самиот уред. Лоша вест за корисниците на PlayStation 4 е дека новиот VR уред ќе може да се користи само PS 5. Јапоснаката компанија најави дека со лансирањето ќе бидат достапни 20 игри: Horizon, Walking Dead, No Man’s Sky и Resident Evil Village, сместени во виртуелната реалност. 

Автор: Aleksandar Stankov