Главни карактеристики на Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4

Објавено на 30.08.2022 во Новости



Главни карактеристики на Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4

Новата генерација на паметни телефони на преклоп на Samsung е достапна во Македонија Главни карактеристики на Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4

Од нивното појавување, паметните телефони станаа дел од нашето секојдневие и денес е едноставно невозможно да се замисли животот и работниот ден без нив. Нивната ефикасност и практичност се клучни карактеристики кои ни се потребни во секојдневното извршување на обврските на различни работни места.

Паметните телефони се менуваа и се надградуваа со текот на времето, а така е и со телефоните на преклоп. Samsung, како пионер во категоријата телефони на преклоп, со новата генерација на телефони на преклоп Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4 покажа дека продолжува да иновира и да се истакнува. Сега е само прашање кој телефон повеќе ви се допаѓа и ви одговара подобро на вашите потреби - дали е тоа моделот Galaxy Z Flip4 или Galaxy Z Fold4?

Големи екран идеален за мултитаскинг

Револуционерните паметни телефони на преклоп од Серијата Galaxy Z се издвојуваат по својата практичност, односно по сè што можете да направите на нив, за разлика од другите телефони. Без разлика дали ќе изберете поголем Galaxy Z Fold4, или помал уред како Galaxt Z Flip4, добивате голем екран за читање, пребарување, работа или гледање филмови.

Четвртата генерација на Серијата Galaxy Z ги руши конвенциите и нуди нови опции за подобрување на секојдневниот живот. Големите екрани сега се уште посеопфатни и поизразени, а популарните апликации се оптимизирани за да можете уште повеќе да уживате во целата содржина. Во однос на хардверот, имате сè на едно место, така што подобрувањата како специјална верзија на Android, нова лента со задачи слична на онаа кај компјутерите или Multi-Active Windows на моделот Galaxy Z Fold4 навистина го прават вашиот нов мобилен телефон сигурен придружник низ сите активности.

Толку многу работи се можни без употреба на раце Моделот Galaxy Z Flip4 е дизајниран така што може да се направат многу работи без да се отвори телефонот. Така, можно е да остварувате повици, да одговарате на пораки, да користите разни виџети и сето тоа од насловниот екран. А кога станува збор за фотографирање и снимање, овој телефон е вистинско задоволство. Видеата и селфи фотографиите можат да се снимаат со активирање на камерата FlexCam директно од надворешниот екран со помош на главната камера со подобрената функција Quick Shot. Друга уникатна карактеристика на овие телефони е тоа што тие можат да се користат како статив за фотографирање со предната или задната камера.

Издржливост и подобрување на брзината

Мултитаскингот со Galaxy Z Fold4 полесен од кога било, благодарение на хардверскиот напредок. Како резултат на постојаните иновации, ја имаме мобилната платформа Snapdragon 8+ Gen 1 со хипербрза 5G мрежа. Има процесор од 4 nm за брзо, непречено и беспрекорно играње и работа, а Samsung Knox се грижи за повеќеслојната безбедност на податоците.

Со засилени алуминиумски шарки и капаци и ексклузивни Corning® Gorilla® Glass Victus®+ на екранот на капакот и задното стакло, Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4 се најцврстите телефони на преклоп на Samsung досега. Издржливоста на главниот панел на екранот е исто така подобрена благодарение на оптимизираната структура на слоеви, која помага да се намали штетата предизвикана од надворешно влијание. Дополнително, и Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4 се опремени со IPX8 водоотпорност, така што корисниците не мора да се грижат дали ќе бидат фатени во дожд.

Соработка со Google и Microsoft

Партнерствата на Samsung со Google и Microsoft ја подигаат границата кога станува збор за мултитаскинг. Апликациите на Google, вклучувајќи ги Chrome и Gmail, сега поддржуваат влечење и пуштање, овозможувајќи им на корисниците брзо да копираат и залепуваат врски, фотографии и повеќе од една апликација во друга. Google создаде специјална верзија на Android - Android 12L за големи екрани, вклучувајќи уреди што се преклопуваат, додека целосниот пакет Office и Outlook на Microsoft ги користат предностите на преклопливиот дисплеј и обезбедуваат повеќе информации на екранот и побрзи начини за интеракција со содржината.

Кул фактор - иднината е во телефоните на преклоп

Елегантниот дизајн и лесната преносливост се само некои од карактеристиките што ни помагаат целосно да ги искористиме телефоните со преклопување. Едноставно преклопете ги на половина и носете ги со себе, ставете ги во чантата или џебот. Со Galaxy Z Fold4, тоа е како да ставите мал таблет во џеб, а со Galaxy Z Flip4, големиот телефон со сите потребни карактеристики станува дупло помал. Згора на тоа, ова се телефоните на кои сите се осврнуваат затоа што се кул и нѐ прават дополнително љубопитни и искрено возбудени да гледаме како се преклопуваат.Минатата година, Samsung испорача речиси 10 милиони телефони на преклоп ширум светот и ова темпо сигурно ќе продолжи.

За повеќе информации за Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4, посетете ги

www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/global или

https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4