Новиот iPhone SE доаѓа со голем дисплеј и го отфрла Home копчето

Објавено на 31.08.2022 во iOs



Новиот iPhone SE доаѓа со голем дисплеј и го отфрла Home копчето

Apple годинава ја претстави новата генерација на својот ценовно прифатлив модел iPhone SE. Неговите карактеристики се прифатлива цена, моќен хардвер и стар дизајн. Дизајнот е по примерот на iPhone 8 со мал екран од 4,7 инчи и Home копче. 

Следната година или за две години можеме да го очекуваме новиот iPhone SE, кој конечно добива модерен дизајн и поголем екран, кој што ќе се протега од раб до раб, со хардверски засек, каде што ќе биде сместена камерата и сензорите. Оваа верзија на iPhone се очекува да биде со екран од 6,1 инч, батерија од 3000mAh и опција за безжично полнење на батеријата. Под хауба ќе биде со Apple чип A15 или A16, 4GB RAM меморија со само една камера позади од 12MP. 

Предната камера ќе биде со резолуција од 7MP, има Face ID технологија, а Home типката заминува во историјата. Се претпоставува дека iPhone 14 серијата нема да има модел mini, а SE ќе биде со поголем екран.