Nokia го претстави Circular - револуционерен начин на претплата

Објавено на 01.09.2022 во Android



Nokia го претстави Circular - револуционерен начин на претплата

HMD Global за време на IFA Berlin 2022 ја претстави новата револуционерна услуга за претплата на телефоните, каде што се става акцент на одржливоста.  Circular е претплата која што ја редефинира сопственоста над мобилниот телефон.

Circular нуди одржлив и лесен начин на користење на Nokia смартфоните и таблетите. Идејата е да се поттикнат корисниците што подолго да ги задржат своите телефони преку еколошки прифатливи награди. Покрај тоа што корисниците се вклучуваат во Circular, се обврзуваат да го искористат својот Nokia смартфон, учествуваат и во рециклирањето на тие уреди.

Уредите што преку Circular ќе бидат вратени во HMD Global, минуваат низ рециклирање, обнова и повторно влегуваат во претплата или се донираат во добротворни цели. Претплатниците истовремено добиваат услуга за решавање на било какви случајни оштетувања, губитоци или кражба на уреди. Circular ќе биде на почетокто достапен само во Германија и Велика Британија.