Nokia X30 5G е добар телефон што ќе издржи долги години

Објавено на 01.09.2022 во Android



Nokia X30 5G е добар телефон што ќе издржи долги години

Претставени се четири нови Nokia уреди: Nokia X30 5G, Nokia G21, Nokia G60 5G и Nokia G11. Nokia X30 5G е направен од 100% рециклирана алуминиумска рамка и 65% рециклиран пластичен панел од задната страна. Дури и кутијата е рециклирана. Nokia X30 5G доаѓа со PureView камера од 50MP, која што користи оптичка стабилизација на сликата (OIS) и AI за снимање на ултра широко-аголни и ноќни фотографии. Камерата е заштитена со Corning Gorilla Glass стакло со DX+ отпорен на гребаници, додека од предната страна на екранот има 6,43 инчи PureDisplay.

Nokia G60 5G е исто така со рециклирани материјали, 6,58 инчен FHD+ 120Hz екран и 50MP AI тројна камера. Како што се истакнува, Nokia G60 5G доаѓа со ветување од '3-3-3', односно три години надградба на Android оперативниот систем, три години месечни безбедносни ажурирања и продолжена 3-годишна гаранција.

Nokia C31 е со HD+ екран од 6,7 инчи и долготрајна батерија со AI батерија. Има тројна задна камера и селфи камера - Camera by Google, со подобрена заштита и подобар отпор на прашина и влага. Nokia G11 е едноставен телефон што не бара многу.