Huawei nova 10 и 10 Pro дебитираа на глобално ниво

Објавено на 02.09.2022 во Новости



Huawei nova 10 и 10 Pro дебитираа на глобално ниво

Huawei почна да пука со својата артилерија на глобално ниво со ценовно прифатливи модели и поскапи премиум смартфони, додека нивните смартчасовници веќе се продаваат во големи цифри. Huawei nova 10 и nova 10 Pro дебитираа прво во Кина пред некое време, но сега се презентирани дека ќе бидат на глобалната сцена и за европски пазар.

Huawei nova 10 и nova 10 Pro имаат селфи камера од 60MP, додека вториот доаѓа и со секундарна камера од 8MP за портрети. Тоа значи дека имаат поддршка за снимање на 4K видео. Двата уреда изгледаат импресивно.

Huawei nova 10 располага со 6.78 инчен OLED панел со 2652x1200 резолуција и 120Hz. Под хауба има Qualcomm Snapdragon 778 процесор и Adreno 642 графичка картичка. Уредот доаѓа со стандарден 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. Батеријата доаѓа со капацитет од 4000mAh, со брзо полнење од 66W. Задната камера се состои од 50MP главен сензор, 8MP ултра широк сензор и 2MP портрет камера за длабочина на деталите.