Huawei ја претставува серијата HUAWEI nova 10 - со стилски дизајн и предна камера од 60MP

Објавено на 02.09.2022 во Новости



Huawei ја претставува серијата HUAWEI nova 10 - со стилски дизајн и предна камера од 60MP

Huawei Consumer Business Group ја претставува серијата HUAWEI nova 10, со два стилски паметни телефони со моќни предни камери и напредни можности за SuperCharge.

Десеттата генерација nova го наследува концептот на серијата HUAWEI nova - иновативен дизајн и одлична изработка. Овде, дизајнот се заснова на класичниот Star Orbit Ring, а предната камера е развиена со нови можности за фотографирање за корисниците да се изразуваат самоуверено, и секогаш да се во тренд. Серијата ги вклучува моделите Huawei nova 10 и Huawei nova 10 Pro.

Совршена фотографија од кој било агол, со предна или задна камера

Од селфи до влогови, серијата HUAWEI nova продолжува со лидерството во иновациите на предната камера. Со HUAWEI Multi-Vision Photography, nova 10 Pro има двојна предна камера. Еден објектив на фото системот на предната камера ја вклучува првата ултра широка камера од 60 MP во индустријата, со автофокус, што поддржува видно поле од 100 степени и 4K видео, со одлична резолуција и чувствителност на светлина. Дополнително, портрет фотографијата е овозможена со 8 мегапиксели на предната камера, повторно прва во индустријата, што поддржува 2X оптички зум и до 5X дигитален зум.

HUAWEI nova 10 Pro ја има и првата предна камера во индустријата со моментален автофокус - Instant AF Quad Phased Detection (QPD). Во споредба со обичниот објектив со автофокус, оваа камера ветува 30% зголемување на брзината на фокусирање[1], што значително ја подобрува резолуцијата на сликите со широк агол за 119%[2]. Во комбинација со Portrait Close-up камерата и употребата на автоматски фокус на основниот објект, портретите одблиску сега постигнуваат зголемување на резолуцијата за 150%[3].

Технологијата XD Fusion ги подобрува резултатите од мобилната фотографија за секое можно сценарио - фотографии при предно или задно осветлување и со висок динамички опсег (HDR) за да се постигнат суптилни bokeh ефекти, помагајќи им на корисниците да снимаат јасни, висококвалитетни портрети одблиску.

Благодарение на 0.7X ~ 5X Free Zoom, HUAWEI nova 10 Pro снима фокусна должина на портрет од 54 mm, фокусна должина со широк агол од 27 mm и фокусна должина со ултра широк агол од 19 mm, со постојан и одличен квалитет на сликата во различни ситуации.

Главната камера на HUAWEI nova 10 Pro е опремена со 50MP Ultra Vision Photography.[4] Истата користи филтер за боја RYYB на Huawei, што, во споредба со обичен сензор, ја зголемува светлината за 40 проценти[5]. Камерата поддржува и Instant AF QPD и Zero Shutter Lag (ZSL), што нуди идеални резултати при фотографирање во средини со слаба осветленост и ја поддржува функцијата AI snapshot за фотографирање на секој момент.

 

Влог во движење, видео со двоен преглед, фокус за следење и зум од 0,7X~5X

Влогирањето стана нов начин за младите да се изразуваат и да го споделуваат својот секојдневен живот, особено преку популарните платформи фокусирани на видео содржини.

Со ажурирани можности за автоматско фокусирање на двојната предна камера, HUAWEI nova 10 Pro може интелигентно да го префрли фокусот на различни предмети и преку Showcase Focus[6] предметите да бидат јасно прикажани дури и во блогови снимени во затворен простор. Во меѓувреме, технологијата може да користи повеќе камери на паметни телефони за снимање истовремено, нудејќи комбинации на двете предни камери, предната и главната камера и фотографирање слика во слика. За снимки на отворено со широки полиња на гледање, корисниците можат слободно да го приспособат зумот за лесно да снимаат видеа со зум од 0,7X~5X, покрај можностите за двоен автоматски фокус на предната камера.

Кога снимате видео со задната камера, HUAWEI nova 10 Pro ја нуди функцијата Follow Focus, што го следи видео предметот. Дури и ако предметот е привремено скриен[7], фокусот ќе остане на него кога повторно ќе се појави пред камерата. Дополнително, HUAWEI nova 10 Pro ги комбинира функциите на аудио следење, намалување на шум во позадина и широк спектар на бои P3. Серијата nova 10 исто така вклучува Petal Clip - апликација за создавање видео со еден клик, што вклучува фотографирање во движење, видео стабилизација, градација на бои, технологии за екстракција на аудио и едитирање за висококвалитетен блог.

Лесен и елегантен

Серијата HUAWEI nova 10 го надградува дизајнот на Star Orbit Ring до новиот Star Orbit Craft, што додава повеќе сјај и свиленкаст допир. HUAWEI nova 10 Pro има дебелина од 7,88 mm и тежина од 191 g; додека HUAWEI nova 10 е уште потенок и полесен, со дебелина од 6,88 mm[8] и тежина од 168 гр. Двата модели воспоставуваат рамнотежа помеѓу перформансите и дизајнот.

Паметните телефони од серијата nova 10 сега се достапни во Starry Silver и Starry Black боја, две различни бои, прилагодени на модниот избор и личниот стил на корисникот.

Нови нивоа на брзо полнење, дисипација на топлина, игри и преземање содржини

За да се справи со предизвиците со траење на батеријата што произлегуваат од различни сценарија за користење, вклучувајќи игри и снимање видео, Huawei продолжува да биде лидер во иновациите поврзани со технологиите за брзо полнење. HUAWEI nova 10 Pro поддржува HUAWEI SuperCharge од 100 W и новиот Turbo Mode, што помага при инстант полнење. Потребни се само 10 минути за полнење на телефонот до 60% и 20 минути[9] за целосно полнење.

HUAWEI nova 10 Pro доаѓа и со технологија за течно ладење (Ultra-Generation VC Liquid Cooling), што обезбедува дисипација на топлина со подобра брзина и рамномерно. Користи технологија за мерење температура базирана на вештачка интелигенција што открива жаришта на површината на телефонот и оптимално ја прераспределува топлината, обезбедувајќи подобро корисничко искуство.

Без разлика дали играте игри, гледате видеа или фотографии, паметните телефони од серијата HUAWEI nova 10 се фокусираат на светли, живописни екрани и подобрување на деталите, овозможувајќи им на корисниците да “нурнат” во сликата. Серијата HUAWEI nova 10 поддржува 1,07 милијарди бои, висока стапка на освежување на сликите до 120 Hz, како и брзина на допир од 300 Hz[10], што им нуди на корисниците непречено корисничко искуство.

Што се однесува до гејмерското искуство, серијата HUAWEI nova 10 се одликува со новиот Touch Turbo 2.0. Корисниците можат да го тресат телефонот за да ја активираат соодветната операција, што ефикасно го подобрува корисничкото искуство на мобилните игри. Серијата HUAWEI nova 10 е опремена и со Stereo Dual Speakers со ултра широко звучно поле на Histen.

За комуникации, серијата HUAWEI nova 10 поддржува Wi-Fi 6 Enhancement и 4K QAM модулација, што обезбедува брзини на прикачување и преземање од 3,2 Gbps, нудејќи беспрекорни преземања и брзо споделување.


[1] Податоците се од лабораториите на HUAWEI.

[2] Во споредба со предниот објектив со фиксен фокус, податоците се од лабораториите на HUAWEI.

[3] Во споредба со предниот објектив со фиксен фокус, податоците се од лабораториите на HUAWEI.

[4] 50MP Ultra Vision Photography вклучува 50MP RYYB Ultra Vision камера, 8MP Ultra-Wide Macro камера и Portrait Depth камера.

[5] Податоците се од лабораториите на HUAWEI.

[6] До најблиската ефективна фокусна должина од 14 см.

[7] Времето е ограничено на 6 секунди.

[8] Вистинската дебелина и тежина на двата модели може да се разликуваат во зависност од конфигурацијата, процесот на производство и методите на мерење. Предмет на вистинскиот производ.

[9] Податоците за полнење и траење на батеријата се базираат на лабораториски тестови на Huawei, релативна влажност 45-80%, со оригинален полнач и кабел, почнувајќи од 3% и полнење, при што екранот е исклучен и телефонот е на Stand by mode. Вистинските перформанси може да се разликуваат во зависност од производот, верзијата на софтверот, апликациите и надворешните фактори на животната средина. Сите податоци зависат од вистинската употреба.

[10] Серијата HUAWEI nova 10 поддржува стапка на освежување на екранот до 120 Hz и стапка на примероци на допир од 300 Hz. Стапката на освежување од 120 Hz како и стапката на допир од 300 Hz се поддржани само во одредени апликации и сценарија. Сите податоци се предмет на вистинска употреба.