YouTube исплати 6 милијарди долари на музичката индустрија за 1 година

Објавено на 15.09.2022 во Новости



YouTube исплати 6 милијарди долари на музичката индустрија за 1 година

YouTube официјално објави дека исплатил над 6 милијарди долари на музичката индустрија, за период од 12 месеци, до јуни 2022 година. Тоа е неверојатно зголемување од 2 милијарди долари годишно, што е за 30% поголемо во споредба со исплатата што потекнува од музиката што се користи во содржината генерирана од корисниците.

„Сакаме нашата платформа со реклами и со претплати, да биде број еден придонесувач на приходи во музичката индустрија до 2025 година. Затоа, YouTube ги монетизира сите музички формати (видео со кратки и долги форми, аудио траки, во живо, итн.), на сите платформи (десктоп, таблет, мобилен и ТВ) во повеќе од 100 земји. А целокупното време на гледање музичка содржина на YouTube на десктоп, таблет, мобилен и ТВ продолжува да расте од година во година“, изјавил Лиор Коен, лидерот за музиката на платформата YouTube.

„Гледаме длабоки промени во музиката. Мора да го придружуваме ова движење за да бидеме најдоброто место за секој љубител на музиката. Фановите сакаат да откриваат, консумираат и учествуваат во музика во повеќе формати на содржина, а само YouTube може да го испорача целото тоа искуство на едно место“, додава тој.

Автор: Aleksandar Stankov