Samsung ќе ги отстрани копчињата од Samsung Galaxy S-серијата

Објавено на 15.09.2022 во Android



Samsung ќе ги отстрани копчињата од Samsung Galaxy S-серијата

Дизајнот на смартфоните се чини како да стагнира во последните години, затоа што производителите се фокусираат на моќноста и камерата на нивните уреди. Затоа Nothing Phone доби толкаво внимание благодарение на нивниот проѕирен дизајн од стакло. 

Samsung се чувствува повикан да промени нешто како константно иновативна компанија. Од јужнокорејската компанија се очекува да ги отстрани сите физички копчиња од Galaxy S-серијата на смартфони. Информацијата не е официјална, туку протече во форма на твит. Samsung Galaxy смартфонот што ќе биде без физички копчиња се очекува да пристигне во 2025 година, најверојатно кај моделот Samsung Galaxy S25.